Вчера околу 22.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во градинка на ул. „Коста Новаковиќ”, додека се вршело пребројување на гласачки материјал, се слушнало пукање, а проектил завршил во гласачкото место бр.2687, каде биле присутни претседателот и седум членови на Изборната комисија.

Повредени лица нема, а оштетен е ѕидот низ кој поминал проектилот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.