Основното јавно обвинителство во Велес донело Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице од Велес на возраст од 31 година за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 13 април, неовластено, заради продажба, држел наркотична дрога – кокаин во количина од 7,45 грама спакувана во едно полиетиленско пакување. Дрогата ја купил во Скопје од засега непознато лице, па со автомобил се упатил кон Велес. Пакетчето со дрога го држел скриено во левата патика, но му било пронајдено и одземено од полициски службеници на наплатната станица Сопот – информират од ОЈО Велес.

Имајќи предвид дека постои опасност од повторување на кривичното дело и опасност од бегство, со оглед на тоа што осомничениот подолг период престојува во Република Германија и имал намера повторно да замине таму, јавниот обвинител до Судот доставил предлог за определување притвор.

Предлогот бил прифатен од страна на судијата на претходна постапка на Основен суд Велес и определен е притвор во траење од 30 дена.​

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.