Со една минута молчење за паднатите другари во населбата Диво Насеље, започна судската расправа во Апелациониот суд во Скопје во случајот „Диво Насеље“. Новинарот на Лајм кој е присутен на седницата објави дека судењето започнало во напната атмосфера.
Кумановската група изразила револт и не и дозволиле на судијката да зборува на македонски.

Кумановската Група му се обрати на македонската судијка: Зборувајте албански, тука е Албанија, вие „БЕГАЛЦИ”, сте дојдени овде, рече Вал Зекај од Кумановската група, не дозволувајќи и на судијката да зборува. Него го поддржаа и другите членови на Групата.

Тие добија овластување на адвокатите и ја напуштија седницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.