Градежна инспекторка од Куманово доби кривична пријава за пропуст во работењето, соопшти МВР.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Т.(56) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”. Пријавената, работејќи како службено лице – овластен градежен инспектор во Секторот за инспекциски надзор – Инспекторат при општина Куманово, при вршење на инспекциски надзор по пријава за узурпација на државен имот, пропуштила да донесе должен правен акт и несовесно постапила во вршењето на своите должности и овластувања, се вели во полициското соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.