На подрачјето на полициската станица од општа надлежност Куманово (Куманово, Липково и Старо Нагоричане) во моментов има 339 лица со решение за изолација.

Како што соопштија надлежните од кумановската полиција, од почетокот на септември до денеска СВР Куманово бележи вкупно 846 прекршоци за неносење заштитна опрема, од кои повеќе од половината се  издадени последнава недела.

Според податоците на кумановската полиција, во периодот од 1 до 8 септември регистрирани се 65 прекршоци, наредната недела, од 8 до 15 септември 325 прекршоци, додека во периодот  од 15 до 21 септември регистрирани се 456 прекршоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.