Вистинска драма вчера се случила во дом на триесет и три годишна кумановка откако лице претставувајќи се како вработено во кабелска телевизија, ја нападнало и ограбило.

Притоа физички се пресметал и со нејзиниот сопруг, а бегајќи го загубила пиштолот.

– На 22.09.2021 во 12.37 часот во СВР Куманово, З.М.(33) од Куманово пријавила дека околу 12.27 часот во нејзиниот дом била нападната од едно лице, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, лицето се претставило дека е од кабелска телевизија и побарало да наплати сметки, а кога влегла да побара пари лицето ја нападнало.

Како што е пријавено, за неколку минути дошол нејзиниот сопруг и започнале физичка пресметка со лицето, кое потоа се дало во бегство и при тоа му испаднал пиштол.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, а пиштолот бил подигнат за вештачење.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.