Министерството за внатрешни работи вчера го привелo 31-годишниот С.А. од Куманово, поради сомнение за кривично дело „неовластено ловење, чување и отуѓување на диви животни“, а поврзано со случајот со малите лавчиња.

Оттаму информираат дека извршиле и претрес на три локации во Куманово, додека со лицето С.А. бил извршен службен разговор, и дека била поднесена кривична пријава против него.

Пред речиси една недела на социјалните мрежи се појавија повеќе фотографии и видеа на кои се гледаат повеќе лица кои позираат со мали лавчиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.