Кумановец загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 15 часот на местото викано Бавчи во с.Проевце, кумановско.

Како што соопшти МВР, на мост на реката Кумановка, патничко возило „југо темпо“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(69) од Куманово, излетало од коловозот.

На местото на незгодата починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.