Вчеравечер во 23,55 часот во кумановската полиција било пријавено дека во Куманово на паркингот од улицата „Пиринска Македонија“ пред градскиот базен, Р.Г.(46) од Куманово управувајќи мопед „лингбен“ со кумановски регистерски таблици, изгубил контрола и удрил во рабник од острово со зелена површина, по што паднал на коловозот.

Р.Г. починал на местото на настанот.

Извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР Куманово и Јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.