Вчера во 15.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во помошен објект од поранешна фабрика на ул.„Доне Божинов“ во Куманово, сопственост на М.П.(59).

Во пожарот починал Д.Л.(79) од Куманово, роднина на сопственикот, кој живеел тука. Смрт констатирал лекар од Медицински центар Куманово. Во 16.50 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово. Увид ќе се врши во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.