Полицијата лишила од слобода кумановец откако бил пријавен дека на појасот има пиштол. Тој, синоќа сакал да наточи гориво, но вработениот на бензинска пумпа одбил бидејќи не носел заштитна маска.

Од СВР Тетово информираат дека вчера (20 јули) во 20 часот, М.К.(52) од Гостивар во СВР Тетово пријавил дека еден час претходно, на бензинска пумпа на преминот „Стража“, каде бил вработен, застанале патничко возило „бмв“, со кумановски регистарски ознаки и патничко возило „ауди Q7 “, со струшки регистарски ознаки, за да наполнат гориво.

Според пријавата, вработениот М.К. им рекол дека нема да ги услужи поради тоа што не носеле заштитни маски, по што едниот од нив отишол до возилото и се вратил со пиштол во појасот.

Набрзо по пријавувањето, лишен од слобода е С.А.(25) од Куманово и се работи на документирање на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.