Кумановец синоќа во своето возило качил сопатник, кој потоа му се заканил и му одзел пари, информира денеска СВР Куманово. Настанот во полицијата, вчера го пријавил 51-годишниот Р.Ф кој кажал дека во 21.25 часот едно лице со закана му одзело пари.

Во текот на вчерашниот ден во СВР Куманово, Р.Ф. (51) од Куманово пријавил дека околу 21.25 часот едно лице со закана му одзело пари. Според пријавеното, во наведеното време на улица „Индустриска“ тој го качил лицето во возилото, кое подоцна со закана му одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти СВР Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.