СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ш.И.(36) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „уцена“.

Пријавениот, во временски период од 2019 до 2020 година, бил во љубовна врска со оштетената во кој период без нејзино знаење направил снимки со компромитирачка содржина, по што во април 2020 година, откако ја одбила неговата брачна понуда и се заканил дека ќе ги прати снимките на нејзините роднини и пријатели.

Притоа, за да и покаже дека е сериозен и испратил две снимки, заканувајќи се дека останатите јавно ќе ги објави на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.