Нoќва околу 02,20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, на крстосницата од населбите Ајдучка чешма и Перо Чичо, Т.Т.(45) од Куманово, управувајќи патничко моторно возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки изгубил контрола и излетал од патот.

Во незгодата возачот починал на местото на настанот.

Увид извршила увидна екипа од СВР-Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.