Триесет и тригодишниот Р.А. од Велес во полиција пријавил дека вчера околу 12.30 часот на улицата „Наце Димов“ во родниот град бил каснат од куче скитник за десната рака и десната нога.

Истиот ден во полициската станица во Кавадарци, Ѓ.С. (36) од Кавадарци пријавил дека околу 18 часот на крстосница од улиците „Браќа Џунови“ и „Браќа Хаџи – Тефови“ неговото малолетно дете било каснато од куче скитник за левата нога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.