Четириесет годишен жител од струшко Велешта синоќа бил нападнат и тешко повреден од лица од истото село.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски денеска информира дека И.И. (40) бил хоспитализиран во Општата болница во Струга, со тешки повреди на главата.

По преземени мерки, полициските службеници констатирале дека И.И., на авто-плац кај селото Долна Белица, бил физички нападнат од Г.О. и А.О. од селото Велешта. Против напаѓачите, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава“, изјави Димоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.