Во вторникот вечер, во Полициската станица Прилеп било пријавено дека пред продавница во населба Три Багреми, по претходна расправија помеѓу браќата Ф.А. и Ф.А. (34) од една страна и Џ.А. (24) од друга страна, Џ.А. со секира и нож ги нападнал браќата.

Џ.А. отишол во домот на Ф.А. каде бил и Ф.А. (34) и со секирата ја скршил влезната врата, и прозорите. После тоа, тој со нож го нападнал Ф.А. (34) и му нанел повреди. Џ.А. и Ф.А. (34) биле пренесени во болницата во Прилеп каде им била укажана лекарскла помош. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесена соодветни пријави, соопштуваат од СВР Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.