Триесет и шестгодишен жител на Кавадарци доби кривична пријава поради предизвикување на големиот пожар во кругот на поранешната фабрика „Охис“ во Скопје.

Пријавениот на 05.08.2021 околу 16.30 часот, изведувајќи работни задачи во круг на поранешна фабрика во Скопје, без да преземе мерки за претпазливост, предизвикал пожар во депонијата во фабриката, при што се опожарени нискостеблести растенија, административната зграда на поранешна фабрика, трафостаница, товарно возило, празен резервар за вода и магацин за алат, велат од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.