Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривични пријави против Р.Е.(50) од Липково, А.Е.(27) од Арачиново, А.Т.(33) од Батинци и К.С.(45) од с.Брест, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Пријавените на 16.09., на 18.09. и на 24.09.2021 на Граничен премин „Табановце“ приложиле фалсификувани ПЦР тестови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.