СВР Велес поднесе кривична пријава против Р. Д. (41) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 8 мај во периодот од 12.30 до 17.30 часот, пријавениот и покрај прописите донесени со Одлука на Влада, организирал свадба во дворот од куќата, каде биле присутни повеќе лица, се вели во информацијата на МВР.

За свадбата се крена голема врева во јавноста зошто видеа и фотографии од сватовите и музиката, кои минуваа по велешките улици, се споделуваа на социјалните мрежи. Не само што свадбите беа забранети, туку сватовите се веселеа за време на полициски час.

Но таа беше само прва од многуте кои се организираа иако собирањето на толку лица на едно место е забрането.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.