Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против О.О. (41) од Република Турција, со престој во Република Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,загрозување на сигурноста“ при семејно насилство и ,,злоупотреба на лични податоци“.

На 30.01.2019 година, пријавениот упатил закани по животот кон неговата малолетна ќерка и неговата поранешна сопруга Ќ.Ј. (27) од Гостивар.

По ова, на социјалната мрежа „Facebook“, на кориснички профил на Ќ.Ј., пријавениот објавил нејзина фотографија и текст со компромитирачка содржина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.