РЦ Југ поднесе кривична пријава против Е.Ш. (34) од Р. Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Завчера околу 23 часот, Е.Ш. физички нападнал полициска службеничка од Р. Полска, дел од мешовит состав на патрола од Граничната полиција, при спроведување на редовни работни задачи во реонот на с. Куртамзали,валандовско.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.