Охриѓанец доби кривична пријава поради тоа што без дозвола изградил куќа на улица „Железничка“ во градот.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.К.(55) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот, во својство на инвеститор, во текот на 2020 година на ул,,Железничка“ во Охрид, без одобрение за градба издаден од надлежен орган, изградил индивидуална станбена куќа – информираат од МВР.

Од страна на овластен градежен инспектор од општина Охрид донесено е Решение со кое на инвеститорот му се наредува да ја отстрани градбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.