Кривична пријава е поднесена против женско лице од Тетово за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, информира МВР.

-Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, поднесе кривична пријава против Н.С.(46) од Тетово, поради постоење на основи на сомнение дека сторила кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ- информира МВР во дневниот билтен.

На 24.01.2019 извршен е претрес во домот каде привремено престојува пријавената во Скопје, при што се понајдени и одземени хероин и разни предмети на кои имало остатоци од хероин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.