Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против лицeто Ж.А. во својство на управител и сопственик на пријавеното Друштво за внатрешен и надворешен промет МАЛЕШ ПРОДУКТ ДООЕЛ Делчево.

Како што соопштија денеска од Управата за финансиска полоиција, Ж.А. со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за пријавениот правен субјект, спротивно на член 363 од Законот за облигациони односи во даночниот биланс за 2015 година поднесен до Управата за јавни приходи во име на пријавеното правно лице, не пријавил приходи од застарени обврски по основ на фактури, аванси и позајмици постари од три години, во вкупен износ од 30.178.740 денари. Со тоа пријавениот не пресметал, не пријавил и не уплатил данок на добивка по даночна стапка од 10 проценти во вкупен износ од 3.017.874 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.