Кривична пријава против скопјанец за „злоупотреба на службена положба и овластување” и „фалсификување службена исправа”

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.Ј.(51) од Скопје, осомнилен за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 и „фалсификување службена исправа” по член 361 од Кривичниот законик.

На 26.07.2022, пријавениот во својство на референт за сеча и дотур во ЈП „Национални шуми“, издал испратница за 26.07.2022 за натоварено огревно дрво во количина од 2,5 кубни метри во товарно возило „там“ со скопски регистарски ознаки. При контрола, извршен увид и премерување од страна на Шумска полиција било констатирано дека натоварената количина не соодветствува со наведената количина во издадената испратница, односно дека има претовар од 1,5 кубни метри дрвна маса, објавија од МВР.

На тој начин пријавениот му овозможил на М.И., кој го управувал возилото, да се стекне со противправна имотна корист, а на државниот буџет му нанел штета од 13.500 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.