Против поранешниот градоначалник на Василево, 52-годишниот В.С. е поднесена кривична пријава поради сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“.

Тој се сомничи дека во периодот од 2013 до 2017 година без претходна одлука на Советот на општина Василево издавал решенија за трошоци за гориво за приватни и службени патувања на вработени и лица кои не биле вработени во општината, со патнички возила кои не биле во сопственост на општината.

Со ова тој го оштетил буџетот на општината за 303.900 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.