Поранешниот градоначалник на Македонска Каменица, Дарко Митевски, доби кривична пријава поради сомнеж за кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.М.(44) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во периодот од 01.01.2017 до 30.05.2017, пријавениот, како поранешен градоначалник на општина Македонска Каменица, без да спроведе постапка со барање за прибирање понуди и спротивно на член 28 и член 100 од Законот за јавни набавки, во повеќе наврати без одлука и спроведена постапка за јавна набавка извршил набавка на стоки и услуги во вредност над 500 евра, во денарска противвредност без да овозможи еднаков третман на економските оператори и без да спроведе транспарентна постапка при процесот на набавки на стоки и услуги, извршил и набавка на стоки и услуги од повеќе правни лица во вкупна вредност од 403.996 денари и овозможил на правните лица од кои извршил набавка да се стекнат со некаква корист, велат од МВР.

Набавките ги вршел без одлука и без да бидат предвидени во годишниот план за јавни набавки, се наведува во соопштението на МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.