ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ф.Ц.(33) од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Кривични пријави се поднесени и против К.К.(33) и А.С.(26), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

Првопријавениот, во месноста „Врабич“, во близина на патот кон Струга, во грмушка скрил вреќа во која имало 5 килограми и 480 грама марихуана.

Тој бил затекнат во момент кога ја препакувал дрогата, а по кратко време со патнички возило пристигнале второ и третопријавениот, кои требало да ја преземат дрогата во помали пакувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.