Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова и против сопственикот на Друштвото за трговија и услуги В.Е.З. Трејд, Зоран Златковски.

Кривичната пријава е поднесена и против А.Г., надворешен советник и против А.П, благајник во Агенцијата за европски образовни програми и мобилност.

Осомничени се дека причиниле штета во вкупен износ од 25.334.543,00 денари.

Се товарат за кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „измама на штета на средства на европската заедница“, „соизвршителство“ и „несовесно работење“.

Пријавените Л. Д. како директор на НАЕОПМ, З. З како управител и сопственик на Друштво за трговија и услуги увоз-извоз В.Е.З. Трејд ДООЕЛСкопје, А. Г. како надворешен соработник и А. П. како благајник на НАЕОПМ причиниле штета од големи размери на доверените средства на Европската заедница во вкупен износ од 25.334.543,00 денари, информира Финансиската полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.