Кривична пријава за непостапување според здравствените прописи, како и спроведување во државен карантин на сопствен трошок веднаш заработи синот на поинатата пациентка од коронавирус во ГОБ „8 Септември“ по вчерашните инциденти во болницата и нападот врз докторка.

Причината за инцидентот бил обидот насилно да се изнесе тело на починатата жена.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека кај нив било пријавено дека неколку лица му се заканувале на персоналот што работи во ковид-центарот на болницата, по што интервенирале полициски службеници. Еден од синовите на починатата кој сакал насилно и без почитување на протоколите да го земе телото на неговата мајка бил позитивен на коронавирус, но наместо во изолација, тој дошол пред болницата.

По излегување на местото на настанот, полициски службеници затекнале повеќе лица на паркингот пред ГОБ „8 Септември“, при што од страна на полициските службеници биле преземени мерки и активности за преглед на лица и патнички моторни возила, а меѓу нив биле затекнати синовите на починатата кои сакале насилно да го земат телото. Лицето Б.С. (29) е приведено во ПС Гази Баба, поради тоа што при проверка во евиденција за лица со решенија за изолација констатирано е дека не го почитувало решението за изолација и е позитивно на ковид-19, велат од МВР.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.