Скопска Апелација одлучи дека Кривичниот суд повторно треба да одлучува дали Катица Јанева ќе биде пуштена од притвор со гаранцијата од недвижност во три стана.

Од Апелација за „ТВ 24“ велат дека укинато е решението со кое судија на претходна постапка го отфрлил барањето на Јанева за гаранција и даваат упатство Кривичниот совет да одлучува по таквото барање уште еднаш.

Препораката на Апелација е дека судијата не смеел да го отфрли барањето, туку ако сметал дека ако не постојат основи да ја напушти Шутка со гаранција, требало да ја одбие или да ја испитува основаноста на нејзиното барање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.