Финансиската полиција поднесе кривична пријава против актуелниот министер за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и против неговиот претходник Лирим Шабани, за незаконска исплата на хонорари во износ од околу 37 илјади евра.

Кривични пријави заработија и поранешна советничка во Министерството за локална самоуправа, но и службеничка одговорна за спроведување на ИПА Оперативната програма помеѓу Македонија и Бугарија.

Иако редовно вработени во министерството, двете службенички преку четири договори како дополнително ангажирани лица, добиле хонорари во вкупен износ од 2,2 милиони денари.

Како што велат од Финансиска полиција, за да се прикрие трагата, четворицата осомночени дозволиле наместо лични податоци, во договорите за хонорарите советничката и одговорната да бидат наведени како „експерт бр. 12“ и „експерт бр. 13“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.