Тројца велешани се уапсени поради упад и кражба во магацин на макеоднски железници во градот.

На 27.02.2021 во 12.30 часот во Велес, полициски службеници ги лишиле од слобода Ф.О.(27,) А.Р.(30) и Л.Р.(31), сите од Велес, поради сомнение дека од 11.00 до 12.00 часот со употреба на тврд предмет и физичка сила извршиле кражба на повеќе предмети од магацин на Железници на Република Македонија, на ул.„Алексо Демниевски“ во Велес – информираат од МВР.

Украдените предмети биле пронајдени и одземени, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.