Тетовската полиција два часа по пријава за кражба на облека од трговски центар го нашла и привела осомничениот, во чие возило биле најдени украдените работи.

Сопственикот на продавницата, кражбата ја пријавил вчера во 17:15 часот, а веќе во 19:15 полицајци го привеле 48-годишниот крадец од Долно Седларце.

-Вчера околу 19 часот и 15 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Н.У.(48) од тетовско Долно Седларце, кој од продажен објект во тетовски трговски центар претходно извршил кражба на производи. Во неговото возило пронајдени и одземени му се украдените производи, а нешто подоцна тие се вратени кај сопственикот, кој околу 17 часот и 15 минути ја пријавил кражбата на облеката, информираат од СВР Тетово. 

Осомничениот е задржан е во полициската станица во Тетово и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.