Во два наврати во само еден месец, ист крадец врши кражба на продавницата на „Солета“ во строгиот центар на градот, поточно, во ТЦ „Буњаковец“, пренсува „Инфомакс“. Како што споделува порталот, и во двата наврати истото лице употребува нож за да и се закани на продавачката да ја отвори касата со пари.

При првата кражба, крадецот поминал без проблеми, па успешно ја ограбил продавницата, но во вториот наврат со нож прободена неколку пати е продавачката која храбро се спротивставува на крадецот.

Случаите се пријавени во полиција, но од МВР до сега немаат инфомрација кој е крадецот и каде да го најдат. Според информациите на „Инфомакс“ од истрагата, полицијата прво тврдела дека крадецот е познат на нив, но потоа ја промениле оваа информација во НН сторител.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.