Полициски службеници од СВР Куманово и Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за насилен криминал на вчера околу 4 часот во трговски центар во Куманово го привеле А.М. (40) од Косово при обид насилно да украде поголема сума пари од банкомат сместен во трговскиот центар.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека по преземени дополнителни активности, во врска со ова кривично дело, на граничниот премин Јажинце приведени се Ф.Л.(42), Б.Х. (39) и Б.А.(50), сите од Косово.

Против приведените е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство во Куманово, а од страна на судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.