На подрачјето на Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и полициски службеници од Полициската станица Карпош вчера во 15:15 часот биле лишени од слобода А.Л.(22) и малолетник од Скопје.

Како што информираа денеска од МВР, тие биле затекнати при извршување на кривично дело тешка кражба во обид, а кај нив бил пронајден и одземен предмет поврзан со кривичното дело.

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.