Косовското Министерство за надворешни работи го осуди апсењето на поранешниот војник на УЧК, Томор Морина во Македонија, кој беше приведен заради српската потерница за него. Ова го изјави Џетлир Зиберај од Министерството за надворешни работи на Косово преку својот Фејсбук профил нагласувајќи дека ова е уште еден пример на политичка злоупотреба од страна на Србија, известува Клан Косово.

Го осудуваме апсењето на поранешниот војник на УЧК, Томор Морина, од полицијата на Македонија, според дојавата на Интерпол, спонзоризирана од српската држава. Ова е уште еднаш пример за политичка злоупотреба која Србија ја прави со системот на потерници. Ние ќе го покренеме прашањето до Европската унија и ќе бараме итни мерки за спречување на ваквите случаи на злоупотреба од Србија, во спротивно ќе бидат преземени контрамерки од страна на Косово. Ние сме во контакт со властите во Скопје и веруваме дека случајот наскоро ќе се реши во духот на тесната соработка што ја имаме со Македонија. Благодарност до сите авторитети во Македонија, особено за тамошното албанското раководство, пишува Зиберај.

Како што вели тој, оваа дефиниција е прифатена поради фактот што српската држава ги има извршено најтешките злосторства против човештвото (по Втората светска војна) во Косово, Хрватска и Босна и Херцеговина и се уште не се извини за извршените злосторства. Српската држава и понатаму продолжува да го попречува помирувањето во регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.