Полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари и Полициската станица Бит Пазар, во текот на вчерашниот ден ги лишиле од слобода А.А. (53) од Скопје и Е.Ќ. (33) од Косово, осомничени за кражба, информира Министерството за внатрешни работи.

– На 25 октомври оваа година, тие одзеле пари, мобилен телефон и предмети од домот на А.М. (40) на улица „Козара“ во Скопје. Кај Е.К. биле пронајдени дел од одземените предмети. Во Полициската станица Бит Пазар денеска била повикана А.Д. (52) и од неа биле одземени дел од предметите, што ќе бидат вратени на сопственикот, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, МВР против трите лица ќе поднесе пријави за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „прикривање“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.