За потегнувањето за коса на тогашната пратеничка Радмила Шекеринска, 70-годишниот „терорист“ Панче Ангелов доби 4 години затвор, а убиецот на 17-годишното момче Никола Христовски добил 3 години затворска казна.

 

А.Т.(18) од Скопје е осуден на три години казна затвор за убиство на 17-годишникот Никола Христовски во скопската населба Ново Лисиче лани на 14 август, објави 24 Инфо. Тогаш обвинетиот А.Т. со нож го прободе младиот кошаркар. Пресудата е донесена на 1 јуни а пресудата е за убиство на миг од член 125 од Кривичниот законик и му е изречена затворска казна од три години, на што надлежниот јавен обвинител вложи жалба на пресудата.

Според пресудата, А.Т. бил доведен без своја вина во состојба на силна раздразнетост, а пред нападот немал каде да побегне затоа што влезот во зградата во која сакал да отвори во моментите кога бил гонет бил заклучен.

Тоа се пресудите од судството за кое бившиот премиер Зоран Заев рече дека „го отворил како пупка“. Ангелов ја издржува казната заедно со останатите осудени „терористи“ од настаните од 27 април 2016 година при нелегалниот избор на претседател на Собранието на Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.