Пилотска грешка или проблем со моторот е причината за трагедијата на семејството Бошнаков, кое загина вчера кога авионот во кој се превезувало од Охрид до Софија се урна на пет километри северозападно од Солунска Глава, објавуваат бугарските медиуми. Во несреќата загинаа бизнисменот, неговата сопруга и двете ќерки.

Бугарските медиуми Днес.Бг, и Бугарија он ер емитуваа аудиоснимка од разговорот меѓу пилотот и контролата на летање, која индицира дека грешката најверојатно е на пилотот Георги Бошнаков.

Главниот асистент по безбедност на летови од Техничкиот факултет во Софија Марин Петров објасни дека според правилата на бугарската Агенција за цивилно воздухопловство, Бошнаков имал аматерска лиценца да пилотира мали авиони, а таква лиценца се стекнувала по курс од неколку месеци, кој вклучува 140 часа теорија и 40 часа пракса.

Петров е категоричен дека во авионот одговорноста е пилотот, а од конторлата на летот можат да даваат информации или да советуваат.

Турбуленцијата не е нешто што треба да го присили да слезе под нивото на врвовите. Поверојатно е да имало проблем со моторот, а може да дошло и до замрзнување на управувањето, рекол експертот.

Од екслузивната снимка може да се чуе како контролорот го прашува Бошнаков дали сѐ уште има турбуленции, но тој вели дека нема, но има голем облак низ чиј процеп има визуелен контакт со земјата, но облакот му прави проблем. Комуникацијата прво се одвива на англиски јазик.

Во следната снимка пилотот со конторолорот зборуваат на македонски јазик, а конторлорот го упатува кон Запад.

Потоа следи комуникацијата меѓу контролорите на летањето:


снимката ТУКА


 

Може да се прелета над Солунска Глава, нема облаци, сигирно е и чисто со база од над 300 метри над врвот.

Да, ама пилотот јави дека е турбулентно и го снема од радар, разговараат конторлорите.

После се слуша од конторлата на летање од Скопје како го повикуваат Бошнаков, но нема одговор.


Повеќе на dnes.bg.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.