Ситуацијата со пожарот во Кочани е критична, зафатени се неколку куќи, пожарот навлегува накај градот, вели директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Тој вели дека на терен покрај пожарните бригади се и екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, а испратени се и војници од Армијата.

„Пожарот во Кочани избувнал попладнево, а ветрот е причина за неговото брзо ширење. Гори сува шума”, вели Ангелов.

15 пожарникари со три возила од скопската Пожарна се упатуваат кон Кочани

Пожар има и во Старо Нагоричани, Македонски брод и Валандово. И таму пожарите не се ставени под контрола поради ветерот кој цел ден дува и високите температура. Пожарите денеска се гаселе само со еден хеликоптер на Армијата, бидејќи трите авиони на Дирекцијата за заштита и спасување не се сервисирани.

Директорот на дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути кажа дека дополнителна пожарникарска единица тргнала за Кочани и треба за еден час таму да стигне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.