Вчера во 15.30 часот на автопатот Скопје-Тетово во близина на бензинска пумпа, кај с.Буковиќ, Б.М.(26) од Тетово управувајќи товарно возило „фолксваген кеди“ со тетовски регистарски ознаки, излетал од патот.

Како што соопштија од МВР, во несреќата, возачот Б.М. и сопатникот Б.С.(31) се здобиле со тешки телесни повреди, додека сопатниците С.Б., М.М.(19) и А.Р., се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Во координација со Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.