Ќерката на македонскиот режисер и политичар, Љубиша Георгиевски, Мери Георгиевска го сподели трауматичното искуство што го имала со измамници, кои преку телефон и рекле дека нејзината ќерка прегазила бебе, кое починало. Станува збор за измама, на која жртви биле десетици постари граѓани, кои добиле слични повици, по што исплаќале и по десетици илјади евра.

Ова што ќе го прочитате одговорно тврдам дека ми се случи мене, а со тоа и на мојата потесна фамилија.
Прочитајте зошто секој миг може да ви се се случи вам, него, нему, нејзе не дал Бог.
Вчера околу 3 и 30 ми зазвони фиксен телефон. На телефонот слушнав глас од девојка која не може да зборува. Едвај со напор разбрав: “мама направив сообраќајка” (гласот е совршено одигран зошто на почеток не знаете дали е машко или женско. Чекаат да го вриснете името).
Потоа некој ја зема слушалката и вели: овде командир на полиција, вашата ќерка направи сообраќајка, тешко повредена но ќе преживее. (Деталите ќе ги прескочам, мене ми се слоши).
Јас веќе не знаев кај сум.
На тоа тој вели дека е командир на полициска станица и додава: Има и нешто друго. Прегазила бебе и бебето почина.
Шок и безумие.
Пет пати најмалку ми потенцира дека ќе добиеме кривична пријава.
Две минути пред овој тел. повик јас зборував со ќерка ми.
И сето ова нормално, веќе се научивме на новото нормално е ЕДНА ГОЛЕМА ЛАГА.
Се собравме некако и се преселивме во реалноста на новото нормално.
Одиме во полициска станица и командирот ни вели вакви мајки како вас се тресат пред мене од шок по дваесеттина месечно.
На десеттици семејства веќе им изнудиле 10.000 евра за нивното чедо како не би лежело во затвор.
При тоа, загрижен искрено и од срце ме замоли да го напишам овде овој тероризам на умот, срцето и душата кој ни се случи нам вчера и да ве информирам дека во случај некој да ви звони, да бидете смирени и само така смирено да ги навлечете да ви побараат откуп на детето или случајот. Потоа да се јавете во полиција и да ги фатат живи.
Трендов на телефонски терор трае засилено од 2020та и сега ескалира. Очекуваат летово да бидат обивани и станови, не само изнудувани пари.
Ниту едни пари на свет не можат да покријат дело прегазено и мртво бебе. Ова е страшно што се случува.
Ве молам информирајте повозрасни, помлади неважно која возраст родители или со кого и да живеете и бидете присебни за да ги фатат.
Јас очигледно не знаев за оваа појава и како мајка не успеав да останам присебна.
Описите се морбидни. Нема да ви ги опишам.
Полицијата не е во состојба да ги фати. Картичките се купени припејд во странство и после секое јавување ги фрлаат. (Цитирам командир).
Толку од мене.
Останете присебни.
Повиците ќе продолжуваат.
Споделувајте.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.