Центарот за управување со кризи информира дека на теторијата на цела држава има неколку огнени жаришта.

Како што информира ЦУК, пожарот во Кочани е сосема до куќите.

– ТППЕ Кочани се наоѓаат на терен како и екипа од ТППЕ Виница со 2 ПП мв и 4 пожарникари. Барања од граѓани за дополнителни сили бидејќи постоечките не можат да задоволат. Во Кочани има уште еден активен пожар, предизвикан од паднат далекувод кај мв Костин Дол и истиот за кратко време се има проширено кон шумски предел и е вон контрола. За истиот е побарана интервенција од воздух, наведува ЦУК.

Следува известувањето на ЦУК за состојбата со пожарите до 20 часот:

Струмички регион
-Шумскиот пожар кој се појави околу 13:00 часот на ден 01.08.2021 година кај м.в. Погана е излезен од контрола. Поради појава на засилен ветер од северен правец се движи према Богданци и Казан Дол.Од кај селата Брајковци и Балинци е изгаснат. Екипите сеуште се на терен. Во координација со РЦУК Валандово закажан е состанок на кризниот штаб.
Кумановски регион
– Пожарот кој се простира на тромеѓето помеѓу селата Степанце, Жегљане и Малотино е сеуште активен. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, сува трева, црн бор, и багрем на поголема површина. Во гаснењето на пожарот интервенираат 9 пожарникари со 2 ПП возила од ТППЕ Старо Нагоричане, 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Куманово, 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Ранковце, 11 лица од ШС Куманово, 3 лица од месното население. Од утрово во гаснењето на пожарот е вклучен и хеликоптерн на АРСМ. Во моментот на теренот има ветер со променлив правец, бидејќи дел од пожарот се простира на непристапен терен пожарот се шири. Хеликоптерот дејствуваше до 12:00 часот, а исто така дејствува во попладневните часови. Со пожарот се заатени и неколку стари куќи.
Во 18:27 часот започнат е пожар во атар на с.Дренак. Во повисокиот дел од селото со пожарот биле зафатени неколку стари напуштени куќи, опожарена е една црква и училиштето. Со пожарот е зафатена сува трева и ниска деградирана шума.
Во општина Кратово во моментот има два пожари активни и тоа: Во с.Живалево гори сува трева ниско стеблеста деградирана шума со површина од 10 хектари. Во гаснење учествуваат 8 пожарникари со 3 возила и 6 лица од месно население.
Во с.Татомир опожарена е околу 50 хектари дабова шума,нискостеблеста деградирана шума ,сува трева и една штала но нема загуби во сточниот фонд. Интервенираат 8лица од ШС Кратово, 6 лица месно население и 5 лица доброволци од Општина Кратово.
Во општина Крива Паланка имале четири пожари и тоа во Мала Пешинце, Градски водовод, с.Конопница и во с. Варовиште. Првите три пожара се ликвидирани а во с.Варовиште е уште активен пожарот и е запалена сува трева,ниско стеблеста деградирана шума и дабова шума.
Според информацијата од ПС К. Паланка веќе се изгорени една куќа и една штала.
Во општина Ранковце известуваат дека пожарот во с.Отошница е активен и е со површина од околу 500 хектари,гори сува трева,дабова и борова шума на терен се преставници од Општната Ранковце,Полицијата,ШС Крива Паланка со две возила и околу 50 мештани кои помагаат во гаснењето. Со пожарот е изгорена една куќа. Пожарот се шири во правец село Пклиште и с.Герман.
Во општина Липково пожарот кој беше пријавен во с. Белановце 16,03 часот е уште активен. Гори сува трева и дабова шума.
На терен има 3 од ШС од Куманово и 20 мештани.
Според информацијата од ШС Куманово се надеваат дека во текот на ноќта ќе го стават под контрола.
ТППЕ Куманово во моментот интервенира со 2 екипи во с.Мургаш на запалена нискостеблеста деградирана шума, сува трева и стари напуштени куќи.Пожарот се простира на поголема површина.
Охридски регион
Пожарот кај село Делогожда е локализиран. Екипа од ПШС Јабланица и од ТППЕ-СТРУГА се уште се на терен и го контролираат просторот кој беше зафатен од пожарот.
Околу 15:00 часот е започнат пожар во атар на с.Девич, општина Македонски Брод. Со пожарот е зафатена густа шума од мешовит состав. Во гаснењето на пожарот интервенираат 3 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Македонски Борд, 5 лица од ШС Сандански од Македонски Брод како и 5 лица од полицијата. Пожарот бил во близина на една мала црква и неколку куќи кои се на оддалеченост од 50-100 метри. Поради големината на пожарот од страна на Градоначалникот на Макеоднски Брод испратено е барање за ангажирање на хеликоптер и побарано е од командантот на касарната од Кичево да се мобилизираат платени армиски војници за да земат учество во гаснење на пожарот во с.Девич. Истите со возила од ЕЛС Македонски Брод би се пренеле до местото на пожарот..
Битолски регион
Пожарот кој започна во 09,30 часот во атарот на с.Лознани,Општина Могила ,локализиран е во 15,05 часот.
– Пожарот кој во 15,40 часот се префрлил од атарот на с.Канатларци, Општина Прилеп, во атарот на с.Мусинци,Општина Могила сеуште трае и е проширен. Има зафатено поголема површина на сува трева.На терен интервенира екипа од 4 пожарникари со 1 ПП возило .
-Интервенција на запалена куќа во с.Скочивир, општина Новаци. Пожарот започнал во 15,55 часот и сеуште трае. Интервенираат 4 пожарникари со 1 ПП возило.
Известени се:ЕЛС Могила,ЕЛС Новаци,ДЗС Битола,ШС Кајмакчалан Битола и СВР Битола.
Во општина Прилеп пожарот во атарот на с.Ореовец, општина Прилеп е локализиран но сеуште трае.Пожарот започна во 12,50 часот и имаше опасност да се прошири према куќите од селото.На терен има екипа од 3 пожарникари со 1 ПП возило кои ги обезбедуваат куќите од селото.
36
-Пожарот на запалена сува трева и нискостеблеста шума во атарот на с.Топлица,Општина Прилеп кој започнал во 13,10 часот сеуште трае и има зафатено голема површина.На терен интервенира екипа од 7 пожарникари со 2 ПП возила.
– Пожарот кој започнал во 14,10 часот од запалено стрниште во атарот на с.Канатларци,Општина Прилеп сеуште трае и е проширен во атарот на с.Мусинци, општина Могила. Има зафатено поголема површина на сува трева. На терен интервенира екипа од 2 пожарникари со 1 ПП возило и поголем број на жители од селото со сопствени трактори.
Известени се:ДЗС Прилеп и СВР Прилеп,а одговорното лице од ЕЛС Прилеп не одговара на тел. повици.
Штипски регион
Пожар во близина на с. Нов Истевник мв Пасјак. Опожарено е шума од црн бор, јасика и бука на поголема површина. Интервенираат од ТППЕ Делчево со 2 цистерни и 1 теренско возило и 11 пожарникари а вклучени се и ШС Голак со 15 луѓе и 2 мв Лада Нива, Гранична полиција со 1 човек и Ландровер со кој се транспортираат, ШС од Берово и ШС од Пехчево. Се работи за тешко пристапен терен. Пожарот е активен и се уште не е под контрола. Се претпоставува дека на терен вкупно се ноѓаат оклу 100-тина луѓе.
Пожар во близина на с. Бели мв Сламерник пожарот во неколку нарати е загасуван но истиот се разгорува и во моментот е вон контрола и претставува опасност кон склад на Макпетрол, кон Драчевик и Белско маало. Според дојава на граѓани пожарот е сосема до куќите.ТППЕ Кочани се наоѓаат на терен како и екипа од ТППЕ Виница со 2 ПП мв и 4 пожарникари. Барања од граѓани за дополнителни сили бидејќи постоечките не можат да задоволат.
Во Кочани има уште еден активен пожар, предизвикан од паднат далекувод кај мв Костин Дол и истиот за кратко време се има проширено кон шумски предел и е вон контрола. За истиот е побарана интервенција од воздух

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.