Судиите Јани Нича, Сафет Кадрии и Зоран Димитриевски се тројцата судии кои вчера попладнето ја пуштија поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, во домашен притвор, откако таа 94 дена помина во затворски притвор за случајот „Рекет“, објави „Слободен печат“.

Еден од тројцата судии ја добил смс пораката од обвинителката Вилма Русковска во која напишала дека ќе има финансиска истрага против судиите кои вчера донеле одлука Катица Јанева од затворот „Скопје“ да замине во домашен притвор во станот на нејзиниот син.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.