На социјалните мрежи е објавено видео од несовесен возач кој со својот луксузен џип дивее по струмичките улици, без никој да реагира на таквото однесување што го загрозува секого што ќе се најде во близина.

Некои „шерифи“ мислаат дека со скапите автомобили може да прават што ќе им текне, без да помислат на последиците. Видеото е од синоќа и јавно ја осудуваме ваквата постапка! – се наведува во објавата на „Струмица Денес“, каде што е споделено видеото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.