Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.П. (22) и Г.П. (44), двајцата од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 25/26.10.2020 на ул.„Стамен Манов“ пријавените, за време на прогласена пандемија со ковид–19, најпрво на терасата во својот дом, а потоа и на јавен простор пред куќата организирале прослава, каде биле присутни поголем број лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.