Вчера околу 15 часот било пријавено дека над село Оризари, кочанско, на место викано „Бели Камења“, при палење на трева во нива од страна на Б.П. (82) од истото село, настанал пожар. Во пожарот настрадал Б.П. кој починал на местото на настанот.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат, а по овластување на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.